• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Реакција на Партијата на пензионери за цените на лековите

Реакција на Партијата на пензионери за цените на лековите

24 февруари 2025

Партијата на пензионери, изразува голема загриженост од тенденцијата на високите цени на лековите и другите медикаменти и суплементи во земјата.

Фактот што имаме најскапи лекови во регионот е показател дека граѓаните и посебно големата пензионерска популација трошат големи финансиски средства и од така своите скромни пензиски примања.

Партијата на пензионери бара и ја потикнува и поддржува Владата во донесување на соодветни системски мерки и алатки кои ќе допринесат за регулирање и контрола на овој многу битен сегмент од секојдневниот живот на пензионерите и граѓаните, и кои ќе ја стабилизираат и долгорочно нивелираат цената на лековите.

Здравјето на нашите граѓани мора да биде политички приоритет на сите парламентарни и вонпарламентарни субјекти во општеството. Чесно, Сплотено, Одлучно !!!

Партија на пензионери

 ________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан