• понеделник, 29 јули 2024

Реакција на Министерството за култура за скулптурна композиција на плоштадот

Реакција на Министерството за култура за скулптурна композиција на плоштадот
Скопје, 29 јули 2022 Министерството за култура најостро го демантира насловот на текстот на СДК.МК: „СДСМ ќе го догради споменикот на Мајка Тереза, дивоградба на ВМРО-ДПМНЕ што блокира влез на плоштадот Македонија, наместо да се урне ќе има конкурс за нов изглед“. Министерството за култура информира дека вчера брифинг со новинарите одржа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, а не СДСМ. Во одговорот на новинарското прашање, министерката Костадиновска-Стојчевска во ниту еден момент не изјави дека споменичната скулптура на Мајка Тереза ќе се доградува или ќе се урива. Министерката, во својата изјава, вели дека ќе се распише конкурс со цел стручната јавност да предложи прифатливо решение за овој простор. Решението за иднината на овој објект, всушност, се бара да биде понудено од стручната фела имајќи ги предвид можностите за пренамена во согласност со урбанистичката планска документација за предвидената парцела. За потсетување, со Договорот за градба, објектот „скулптурна композиција“ почнал да се гради во 2015 година. Вредноста на основниот договор изнесува 342.223.925,00 денари, а вредноста на анекс-договорот е во висина од 798.308,48 денари. Вкупната сума за објектот е 343.022.233,48 денари. Договорот за изградба на скулптурната композиција е прекинат во 2017 година. Овој објект е легален со Одобрение за градење со број 13794/5, КО „Ценатр 1“ во Скопје. Имајќи го предвид тој факт, како и долгогодишната грда слика на плоштадот „Македонија“ со нерешената иднина на објектот, се залагаме за општа дебата и  учество на стручната јавност за модерно урбанистичко решение во строгиот центар на Скопје. Министерство за Култура __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан