• четврток, 26 декември 2024

Реакција на Мета по прогласувањето за „персона нон грата“ на Бериша во САД

Реакција на Мета по прогласувањето за „персона нон грата“ на Бериша во САД
Тирана, 22 мај 2021 (МИА) - Албанскиот претседател Илир Мета првпат реагираше за одлуката на САД да го прогласи поранешниот претседател и премиер Сали Бериша за непожелна личност. - Почитувани албански граѓани и сонародници насекаде во светот. Како претседател на Република Албанија, чувствувам голема одговорност да ја споделам со вас мојата проценка за „ писмото гром“ нарачано од режимот на клептократијата во Тирана, против господинот Сали Бериша, првиот демократски претседател на земјата, напиша Мета на Фејсбук. Тој потенцира дека е случајно избрано времето во кое е објавена одлуката на САД и оти тоа е е „грдо, предавничко и подло дело поврзано со антиалбанското лобирање“. Бериша, неговата сопруга, синот и ќерката, пред четири дена САД ги прогласи за персона нон грата бидејќи „бил вклучен во коруптивни активности, како на пример злоупотреба на јавни фондови, вмешаност во политички процеси, вклучително и употреба на моќ за лична корист и богатење на политичките сојузници, како и членови на семејството“. Тој ги отфрли обвинувањата и најави тужба против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. вт/ми/

Остани поврзан