• петок, 27 декември 2024

Реакција на Македонскиот Дипломатски Синдикат на изјавата на министерот Османи за платите на функционерите

Реакција на Македонскиот Дипломатски Синдикат на изјавата на министерот Османи за платите на функционерите

Скопје, 24 октомври 2023

 

Почитувани,

 

Македонскиот Дипломатски Синдикат изразува крајна загриженост од последната изјава на министерот Бујар Османи, во која покажува виден интерес единствено за сопствената плата, и притоа во ниеден момент не се осврнува на деградирачките плати кои станаа стандард во министерството со кое раководи.

Фрапантно е што на првиот човек во дипломатијата не му е важно со колкави примања живеат професионалните дипломати. Синдикатот во повеќе наврати алармираше на фактот дека просечната плата во МНР е под просекот во државата, а воедно е најниска споредена со дипломатите во регионот.

Очигледно овие барања и апели не допреле до “таткото” на куќата и најверојатно завршиле во некоја од корпите за отпадоци. Примањата на дипломатите се под секое ниво на достоинство за оваа фела.

Итно бараме во иста пропорција со платите на функционерите, да бидат зголемени и примањата на дипломатите, особено што товарот на секојдневната работа е на тие со примања под државниот просек.

Притоа, целосно ги отфрламе неприфатливите оправдувањата дека не постои тековно законско решение за уважување барем на дипломатскиот статус, кога во актуелниот Закон за надворешни работи се предвидува додаток за дипломатско звање, кој во овој момент изнесува срамни бруто 163 денари за највисокото дипломатско звање Амбасадор.

МДС укажува дека ситуацијата е алармантна и неодржлива и инсистираме за итно постапување по горенаведените барања.

 

Со почит,

ИЗВРШЕН ОДБОР НА МДС

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Остани поврзан