• среда, 18 декември 2024

Реакција на ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за седницата на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците

Реакција на ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за седницата на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците

8 декември 2024 

Премиерот на нелегитимната влада денес повторно јавно се закани на политичката активност на политичките партии, злоупотребувајќи ги државните институции за да ги задуши политичките и етничките гласови на незадоволство, со цел ширење на страв преку инструментите на државата.

Овие техники на политички закани и прогон, користени во најмрачните периоди на комунизмот, нема да успеат.

Албанците низ вековите израснаа под вакви закани од полицијата и државниот апарат , чија цел беше потиснување на политичкиот активизам.

Но, историјата докажала дека овие напори никогаш не успеале да ја спречат нашата волја за правда и еднаквост.

Сите аргументи укажуваат дека нашите загрижености за јазикот се реални и базирани на факти. Затоа и постои широка мобилизација, надвор од партиските линии, за да се спречат обидите кои ја загрозуваат иднината на државата.

Упатуваме апел до Премиерот да ги прекине заканите и неговата разединувачка и провокативна реторика.


Не можете да исплашите никого, а најмалку народ кој отсекогаш бил подготвен да се жртвува за правда и еднаквост.

Демократска унија за интеграција 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Остани поврзан