• вторник, 24 декември 2024

Реакција на Демократски сојуз за состојбите во М-НАВ

Реакција на Демократски сојуз за состојбите во М-НАВ

Скопје, 4 јануари 2024 

После неколку мега афери во М-НАВ,денес се случи и упад во контролата на летање и физички напад на контролори на летање.

За да се спречат можни катастрофални последици,бараме Владата,да одржи вонредна седница и да ги разреши актуелните партиски директори на М-НАВ и на нивно место да именува експерти од редот на вработените во М-НАВ.

Го повикуваме раководството на МВР,да преземе најитни мерки против тие што упаднале во објект на М-НАВ,како и против тие што го организирале упадот и нападот на контролорите на летање.

Со ваков криминал,нестручност и партизација на витални државни институции нема да стигнеме никаде,уште помалку во Европската унија.

Со ДУИ и СДСМ, Македонија ја зафати, не катастрофа туку катаклизма.

Демократски сојуз

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан