• недела, 24 ноември 2024

Реакција на ГИ Зелен хуман град на соопштение на Министерство за транспорт

Реакција на ГИ Зелен хуман град на соопштение на Министерство за транспорт
18 ноември 2022  реакција на соопштението на Министерството за транспорт и врски: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ Ѝ ЈА ПОТЦЕНУВА ИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ Пишуваме полека, едноставно и некаде со големи букви за Министерството за транспорт и врски да може да нѐ разбере: 1. Не се обраќате на партија, туку на коалиција од активистички групи кои се бореле принципиелно против лошите политики на секоја партија, така што кренете си го нивото на дискусија. 2. Демант значи побивање со факти. Во вашиот несмасен допис нема ниту еден изнесен факт што ќе одговори на нашите 11 страници детални коментари на Правилникот за урбанистичко планирање во кои аргументираме каде и на кој начин озаконувате криминал. 3. Законот за градење со кој легализиравте индустриски дивоградби од загадувачка индустрија е донесен по скратена постапка ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ. Со тоа се одзема правото на учество на јавноста во прашања кои влијаат на животот и здравјето на населението. Повторуваме дека со месеци се бориме со вас за да исфрлите од Правилникот концепти кои ги штитат градежната мафија и крупниот капитал. Исфрлете ги одредбите со кои озаконувате криминал и од Правилникот и од Законот за градење, а ние први јавно ќе кажеме дека сте го заштитиле јавниот интерес. Со почит, Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ______________________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.    

Остани поврзан