• среда, 25 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на пратеничката од СДСМ Даниела Колева дека се злоупотребуваат болни лица

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на тврдењата на пратеничката од СДСМ Даниела Колева дека се злоупотребуваат болни лица

Скопје, 11 април 2024 

На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација.

И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин.

Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак.

Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор.

Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС.

Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани.

СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија.

Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива 

Остани поврзан