• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за интервјуто на Мицкоски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за интервјуто на Мицкоски
Скопје, 29 јануари 2021 Негативно е што СДСМ ќе продолжи да краде и лаже, а позитивно е што им се гледа крајот, зашто никој не сака криминалци како Заев. СДСМ наместо да турка политички попис само за мир во коалицијата, да ги прифати барањата на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Пописот да се спроведе по електронски пат, а потоа да се вкрстат податоци. Пописот мора да ја отслика реалната состојба на населението во Република Македонија, а не да задоволи нечии желби и барања на СДСМ, Заев и ДУИ. Јасно е дека бројките и процентите се однапред договoрени, затоа мора поништување на овој закон за попис кој што го донесоа на шверцерски начин, без прифаќање на еден суштински амандман предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Заев и СДСМ единствено се способни само за крадење и лажење, а не за спроведување на попис по европски стандарди. Наместо, СДСМ да продава празни демагогии да ги разгледа барањата и доколку навистина го сака најдоброто за граѓаните, веднаш да ги прифати барањата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Изгубена е довербата на граѓаните во институциите, затоа што владата на СДСМ и Заев наместо во интерес на граѓаните, работат за нивен личен интерес. Со СДСМ и Заев Македонија и граѓаните тонат, а за тоа најдобар показател е и Извештајот на Транспаренси Интернешнл, кој јасно покажува дека во државата владее криминалот и корупцијата. За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора веднаш да заминат. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан