• среда, 25 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Централната изборна комисија на СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Централната изборна комисија на СДСМ
Скопје, 21  март 2021  Само во нашата држава училниците наместо за учење се користат за партиско гласање. Денес видовме како СДСМ организира избори, преку брутална злоупотреба на партиските и државни ресурси за партиски цели. Морбидно е во ден со 20 жртви од корона СДСМ да се фали со организирани внатрепартиски избори. За граѓаните поважно е што 60 илјади граѓани останаа без работа за една година, од тоа што толку наводно гласале за Ким Ил Заев кој во стилот на Севернокорејанскиот владетел беше единствениот кандидат на владеачката партија. Граѓаните дневно губат по дваесетина животи, а илјадници се заболуваат и бизарната и морбидна лакрдија на Заев, е само сол на рана. Повеќе од двојно повеќе граѓани од тоа што денес гласаа на квази изборите на СДСМ се разболеа од корона вирус. Околу 60 илјади граѓани останаа без работа поради неспособноста на власта нна Заев, што е повеќе од оние кои гласаа за Заев. Изборот на Заев е срам и за СДСМ и за Македонија затоа што тој е главниот виновник зошто државата е на 111 место по борба со корупцијата во светот. Изборот сведен само на аболициран криминалец е слика и прилика на Македонија во која половина милион луѓе живеат во сиромаштија, со најнесреќен и најбесперспективен народ во светот и Европа. Ова што денес кое Заев го прави е триумф на неуспесите, поразите, неспособноста и криминалот. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан