• среда, 25 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Љубица Јанчева

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Љубица Јанчева
Скопје, 21 октомври 2022 Портпаролот на СДС, Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си даде оставка. Наместо Љубица Јанчева за хаосот да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ одговорите да ги побара во СДС чии што директори во континуитет го уништуваа претпријатието, и од Арсовска на една од многуте тајни средби што ги има секретарот на СДС, Миле Зечевиќ со Данела Арсовска. И ако за фактите да бидат комплетни, додека СДС и Арсовска глумат театар и си ја префрлаат одговорноста 1000 семејства до скоро останаа без плата. А на ЈСП не само што му должи неспособната влада, туку и неспособниот градоначалник Данела Арсовска. 2 милиони евра должи владата и половина милион евра градот Скопје. Актуелниот директор на ЈСП кој е избор на Арсовска е кадар на СДС. Последниот кадар кој раководеше со ЈСП а доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ е директорот од времето на Коце Трајановски, Игор Јанушев кој ЈСП на Шилегов му го препушти со добивка од над 1 милион евра. Како ЈСП од претпријатие со добивка стана загубар, одговорите да си ги побара Јанчева од портпаролот на СДС, Данела Арсовска. А портпаролот на СДС Арсовска треба да си поднесе оставка поради најмалку две причини, неспособност и измама на граѓаните. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан