Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадиновска - Стојчевска
- СООПШТЕНИЕ: Од сите бедни оправдувања Бисера Антоанета го одбра најбедното или според народната „оваа дупка не е дупка“. Ако не беше трагично сигурно ќе беше многу смешно. На ваквото бедно оправдување на Бисера Антоанета не веруваат ни малите деца. Фактите се дека Бисера со народни пари купила куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти.
Скопје, 26 август 2024
Од сите бедни оправдувања Бисера Антоанета го одбра најбедното или според народната „оваа дупка не е дупка“.
Ако не беше трагично сигурно ќе беше многу смешно. На ваквото бедно оправдување на Бисера Антоанета не веруваат ни малите деца.
Фактите се дека Бисера со народни пари купила куфер Samsonite Crossover 9.7 од 59 фунти.
Куферите ги купила на 26.10.2023, и тоа се гледа од оваа сметка каде како купувач е запишана таа, и на која истата се потпишала кога ја однела во Министерството за култура за да ги правда потрошените пари.
219 фунти и поголемиот куфер Samsonite Upscape spiner, и на оваа сметка се гледа дека Бисера Антоанета е купувачот и на оваа сметка се гледа дека шопингот го правела на 26 октомври 2023.
Од Gift Galore London, за 89 фунти, Бисера Антоанета си купила плишано мече Paddington bear и фудбалска топка City football.
Ова е само почеток утре продолжуваме со уште поскандалозни случаи од твоето раскалашено и раскошно живеење со државни средства и ресурси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
___________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: МИА архива