• сабота, 23 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ковачевски, Меџити и Бесими

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Ковачевски, Меџити и Бесими

28 декември 2023 

ДУИ и СДС продолжуваат со бруталниот поткуп пред избори.
Ковачевски и Меџити на само 4 месеци пред да ја напуштат владата се сетија за медицинскиот персонал и докторите.
Граѓаните беа сведоци само на скандали, немање на лекови и нaмeстените тендери во министерството за здравство.
7 години ДУИ и СДС менуваа само министри во министерството за здравство и со мал прст не мрднаа за подобрување на условите во здравствениот сектор.
7 години само лаги и ветувања за решавање на проблемот со одлив на кадарот во здравствениот сектор.
Илјадници доктори, медицински сестри, техничари и друг персонал од болниците ја напуштија државата токму заради игноратсиот однос на власта кон белиот мантил.
Многу задоцнета е оваа реакција на ЌЕ министерот Меџити, како и неспособниот Ковачевски.
Докторите и медицинскиот персонал веднаш по промената на власта ќе добијат она што навистина го заслужуваат, вистинско внимание и добри услови за работа.
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме.


Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан