• среда, 27 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Каевски од СДСМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Каевски од СДСМ

Скопје, 14 април 2024 

Нека се соземе СДС. Каевски треба да одржи прес пред вилата Водно, каде Пендаровски удобно си седи со Еролд Муслиу, Асаф и останатите мешетари кои смислуваат фалсификати, и сето тоа платено со народните пари.

И наместо да измислуваат, да фингираат документи, Каевски нека побара отворено од Пендаровски да престане со мачо Балканското однесување, кое има сериозни елементи на примитивизам, изразено со тешки навреди кон неговата противкандидатка и пред се жена професорката Силјановска.

Финално, и СДС и Пендаровски треба да сфатат дека не се коментатори на фудбалски натпревар па да кажуваат дали би било добро или не би било добро да биде прифатен условот на ДУИ за поддршка во вториот круг, претседателот на следните избори да се избира собрание, туку јавно директно и недвосмислено и СДС и Пендаровски да кажат дали го прифаќаат условот на ДУИ.

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ  

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива


 

Остани поврзан