• четврток, 09 јануари 2025

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервју на Венко Филипче

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервју на Венко Филипче

Скопје, 9 јануари 2024

Филипче по еден месец одмор се појави во јавност со пишано интервју

Венко Филипче по еден месец одмор се појави во јавност со интервју и тоа пишано.

Одговорот кој го чека јавноста е дали ова интервју е дадено од:

А. Топлиот Дубаи на концерт на Харис Џиновиќ?

Б. Во авион летајќи со индиската компанија Вистара?

В. Или на пат до Струмица од службениот автомобил даден од компанијата со замрзнат имот Зобек?

Му препорачуваме да поработи на тезите. И да не ги слуша истите подлизурковци кои му беа потрчковци на неговиот струмички гуру и учествуваа во уништувањето на државата и институциите. Филипче смета дека народот има кратко паметење. И дека ако се води од некој прирачник за социјалдемократија ќе успее да ги натера граѓаните наместо на сите грабежи и трагедии што им ги правеа до пред 6 месеци да се восхитуваат од овие шарени лаги што му ги сервираат.

А запалената модуларна болница?

А трговијата и шверцот на лекови во онкологија?

А милионските набавки во здравството партнерски делени со неговиот претходник?

А стотина илјади загубени животи од корона?

Да одговори Филипче дали тоа елита го прави или лакоми, површни, криминогени квазиполитичари кои ја уништуваа државата?

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан