• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Ковачевски за Канал 5

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Ковачевски за Канал 5
Скопје, 20 јануари 2022  Јавна тајна е дека Димитар Ковачевски е администратор на владата водена од ДУИ, и на тоа место е само затоа што треба да го добие поразот од кој Заев избега, но поразот не му бега на СДСМ, а Заев нема да избега од одговорност. Димитар Ковачевски вечерва исто така призна и дека тој бил на докторски студии во Црна Гора, додека неговиот татко бил амбасадор во таа земја. За неговите лаги дека има образование на Харвард, го повикуваме јавно да го покаже алумни бројот, доколку го има. Доколку нема, посетувал само курс. Пиунот Димитар Ковачевски не покажа никаква разлика во однос на Заев. Истите флоскули и празни ветувања на Заев од пред 5 години, кои не ги реализира цел мандат, сега ги преповторува Ковачевски. Ковачевски вели дека ќе се бори против криминал и корупција, а го остава Оливер Спасовски министер за внатрешни работи, тој е министер во чие време од кривична пријава за рекет во РЕК исчезна името на Вице и никој не беше повикан на одговорност, додека е тој министер тони дрога се шверцаа низ државата, а апсеше партнерската ДЕА, наместо МВР. Заради Спасовски сме ј на врвот на листата на корупција во Европа, а на скалата на Транспаренси сме на 111-то место. Пиунот Ковачевски е само продолжена рака на заевизмот. Со него нема просперитет, само уназадување. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори час поскоро. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан