• вторник, 24 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на министерот Филипче

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на министерот Филипче
Скопје, 4 март 2021 Британскиот сој на КОВИД-19 додека хара низ земјава, Филипче оди по емисии и се фали дека ситуацијата е под контрола. Додека здравствениот систем е на респиратор, Филипче вели граѓаните да не се грижат. Земјиве во регионот додека вршат масовна вакцинација, македонските граѓани умираат бидејќи нема вакцини. Филипче се фали со невидливи вакцини кои никако да пристигнат во Македонија. А, во меѓувреме на Филипче добро му оди местењето на тендери, земањето на провизии за купување на компјутерска томографија во висина од околу 250.000 евра. „Кубис Медикал“ е фирмата за која Филипче молчи, а која го набавува томографот и зад која се крие партнерот на Филипче со кој гради куќи на Водно. Филипче им потпишува милионски тендери на „Кубис Медикал“, додека јавноста ја лаже дека само што не стигнале вакцини, а секој ден умираат по десетина наши сограѓани како последица од КОВИД-19 вирусот. Освен местењето тендери му оди и распродажбата на јавното здравство во период на корона пандемија, тој наместо да се грижи и да го подготви здравствениот систем да одговори на истата, си договарал продажба на сегментот стерилизација. Фирмата која што Филипче ја избрал да биде одговорна за стерилизацијата, услугите ќе ги дава за цени од 5 до 7 пати повисоки од постоечките. Криминалот му е заштитен знак на Филипче како и на неговиот ментор Зоран Заев. Граѓаните бараат одговорност што поскоро. Секој изминат ден на Филипче како министер чини човечки животи. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан