• недела, 06 октомври 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на министерот Филипче во вестите на Сител

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на министерот Филипче во вестите на Сител
Скопје, 16 февруари 2021 На лагите на Филипче им нема крај. Велеа дека ќе вакцинирале по две илјади лица на ден и имале план за вакцинација. Сега Филипче вели дневно ќе вакцинираат од 300 до 400 лица. Велеа дека ќе има вакцини од Бугарија, од Грција, од КОВАКС, се чекаат и кинеските, и оние од наводниот договор со Фајзер. Единствено нешто што направија ја земаа донацијата од Србија и тоа не сите осум илјади, туку нешто повеќе од четири илјади вакцини. И во земјава ги има само тие вакцини од Србија. Нема ниту термин која би била следната тура вакцини и кога. Филипче ништо не знае, ама вели требало да има континуитет во вакцинирањето. Дали бројката на лица кои дневно ќе се вакцинираат се намали за да одржат контиуитет? Дали немаат капацитет да вакцинираат повеќе лица дневно? Има многу лаги, многу неодговорени прашања. За ова мора да има одговорност. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан