• среда, 25 декември 2024

Реакција на ВЛЕН на прес-конференцијата на Минчев

Реакција на ВЛЕН на прес-конференцијата на Минчев

26 јули 2024 

Кадрите на ЗНАМ имаат погрешна проценка дека ќе го создаваат својот политички идентитет на анти-Албанска доктрина.

Брзо ќе дојдат локалните избори каде повторно ќе им текне дека без Албанците нема победа во Куманово.

Очекувавме дека Министерот Минчев ќе ги поништи сите огласи според Балансерот во кои Македонци се определуваа како Албанци за да се вработат во јавната администрација.

Токму тоа е злоупотреба на Балансерот кое неговото Министерство не смее да ги премолчува. Истовремено, порационално е Димитриевски и Минчев да направат список на државни институции во кои сеуште нема пристап за Албанците. Намалувањето на процентите на Албанците е предизборен фолклор и аргумент плус зошто е неопходно да се укине Балансерот и да се донесе Закон за правична застапеност. Со таков пристап ќе се елиминира некои политичари како Димитриевски и Минчев да одлучуваат колку и какви Албанци ќе се вработуваат во јавната администрација!

Коалиција ВЛЕН

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан