• четврток, 26 декември 2024

Реакција на „Анима мунди“ по смртта на слоницата Дуња

Реакција на „Анима мунди“ по смртта на слоницата Дуња

Скопје, 7 август 2024

Денешната вест за трагичната смрт на една од слониците Дуња во скопската зоолошка градина повторно разбуди бес и загриженост за благосостојбата на дивите животни кои под параван на „едукација и забава" се држени како затвореници во современа човечка творевина нималку слична на нивниот природен хабитат.

Како некоја досега невидена и нечуена шема на смрт, се почесто низ годиниве наназад се случува класичен помор на дивите животни во ЗОО Скопје под неразјаснети околности и образложенија за кои јавноста е скептична и се сомнева дека позади сите овие трагедии се крие негрижа и неуспешно менаџирање.

Бараме независна истрага од надворешни експерти за да се обезбеди објективност и темелност, да се утврдат основните причини за овој помор без разлика дали се поврзани со медицинска нега, услови за живеење или практики на управување.

Бараме да биде даден на увид на јавноста извештајот од докторите по ветеринарна медицина од Белгија кои ја прегледале Дуња.

Бараме ИТНО затварање на зоолошката градина во Скопје бидејќи условите не се во согласност со принципите на хуман и етички третман на животните и нималку се едукативни и забавни.

Здружение за заштита на животни „Анима мунди“

Фото: Зоолошка градина - Скопје

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан