• среда, 25 декември 2024

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 10 април 2022  ВМРО-ДПМНЕ да не го политизира штрајкот на СОНК.  До решение може да се дојде само преку социјален дијалог на репрезентативните синдикати и надлежните институции. ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за плати. Во време на режмот на ВМРО-ДПМНЕ владееше споменичко лудило а работниците се сметаа за евтина работна сила, наставниците беа понижени и под постојан притисок. Во изминатите неколку години СДСМ успеа значително да ги покачи платите, со што покажа грижа и дека го вреднува трудот на работниците, на воспитувачите, наставниците. Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките. Дека знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на работниците потврда е и последната одлука за ново зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно зголемување, за 100% за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан