• четврток, 26 декември 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 24 мај 2022 Покрај тоа што блокира важни закони за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ постојано шири лажни вести и дезинформации.Последна од нив е лагата дека  шест вработени лица во Службата за општи и заеднички работи на посетата во Бугарија биле прикажани како новинари.Како што информираше СОЗР вработените при посетата во Бугарија присуствувале заради извршување на работни задачи - организација и поддршка на активностите на нашата делегација, во која биле и медиумски претставници, на заедничката седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија.Ниту една измислица, ниту една лага нема да ги покрие штетите што ВМРО-ДПМНЕ со блокадите им ги прави на граѓаните.Оваа партија предводена од Христијан Мицкоски знае само да шири лажни вести и да блокира, не знае и не сака да сработи ништо во интерес на граѓаните. Центар за комуникации со јавност на СДСМ
——————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан