• петок, 27 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Љубица Јанчева

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Љубица Јанчева
Скопје, 9 ноември 2022 

СДС и Арсовска го заглавија Град Скопје во криминал и корупција.

Само два месеци откако ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се разделија, Арсовска нема област каде има напредок. ЈСП остана без плати, и само иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ ги спаси вработените и овозможи исплата.

СДС и Арсовска го тонат Скопје.

Тоа што го прави СДС на централно ниво, сега Арсовска го прави на ниво на Град Скопје.

На народот му е преку глава од циркусот на власта и Арсовска. А последно во низата се и лажните дојави за бомби во Скопските училишта, кои МВР и по две недели не може да ги расчисти. Што да очекуваме кога МВР ќе има посериозни предизвици?

Наместо да се препукуваат со соопштенија кои им се договорени, на една од тајните средби на Арсовска со Ковачевски и Зечевиќ, нека се зафатат со работа. Скопјани очекуваат проекти, за кои Арсовска ја доби поддршката.

  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан