• недела, 24 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска
Скопје, 18 ноември 2022 Попусти се сите обиди за дефокус, Петровска бега од вистината - доставуваме докази Славјанка Петровска видно вознемирена од фактите изнесени на денешната прес конференција заборави да каже дали таа според место на живеење е евидентирана на ул. Радишанска и дали тоа е истата улица и објект на кој се наоѓа луксузната Хациенда со базен? Дали Славјанка Петровска гласа на избирачкото место 2948/1 во Радишани? Доколку истото се потврди како може истата да користи адреса на живеење на која не живее? Попусти се сите обиди за дефокус. Во интерес на јавноста и со цел вистината од која Петровска бега да ја докажеме, во прилог ви испраќаме евидентен лист од Агенцијата за Катастар на недвижности, од кој се гледа дека објектот на ул. Радишанска, луксузната хациенда е евидентирана на име на Петровска. Факт е дека Петровска доколку ја продала хациендата тоа ќе било прибележано во Катастарот. Што не е случај со нејзиниот имот заведен во Катастарот. Очекуваме Петровска да каже кога ќе ја донира хациендата на здруженијата на бранители од 2001 година. ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан