• среда, 18 декември 2024

Реакции во Италија по одлуката на албанскиот Уставен суд

Реакции во Италија по одлуката на албанскиот Уставен суд

Тирана, 13 декември 2023 (МИА) - Суспендирањето на гласањето за ратификација на договорот Италија-Албанија за имигранти, од страна на албанскиот Уставен суд, веднаш стана главна вест во медиумите во соседната земја, јави abcnews.al.

Според истиот извор, италијанската новинска агенција АНСА и весниците „Република“ и „Кориера дела Сера“ ја објавиле одлуката на највисокиот суд во Албанија, а весникот „Стампа“ одлуката ја смета за „ладен туш“ за Владата на премиерката Џорџа Мелони.

Договорот меѓу двајцата премиери, Анџело Бонели од Партијата на зелените го смета за „Европски идиотизам“.

По одлуката на албанскиот Уставен суд реагирал и сенаторот Иван Скалфарото, кој истакнал дека „кога се избираат пократки патеки против принципите на меѓународното право, порано или подоцна проблемите се враќаат дома“. 

Уставниот суд, по барањето на опозицијата за испитување на уставноста на договорот, одлучи да го суспендира гласањето за ратификација што на дневен ред требаше да биде на утрешната седница на албанскиот Парламент.

Расправата судот ја закажа за 18 јануари 2024 година. вт/рп/

 

Остани поврзан