• среда, 25 декември 2024

Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци

Реактивиран пожарот на полигонот „Криволак“ и поделен на три краци
Неготино, 26 јули 2022 (МИА) - Пожарот на армискиот полигон „Криволак“ е реактивиран денеска попладне и поделен на три краци, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи. - Во текот на вчерашниот ден, во утринските часови поради високите температури се случи пожар на отворен простор од пошироки размери во Армискиот воен полигон „Криволак“, Општина Неготино. Од 16.30 часот иако било дејствувано во повеќе наврати од страна на Армијата со поддршка од летала (хеликоптер), пожарот бил локализиран, но не и целосно изгасен, потсетија од ЦУК. Денеска во 14.45 часот пожарот повторно се реактивирал, разгорел и проширил и веќе се поделил на три краци. Едниот се движел кон селото Пепелиште, Неготинско, вториот во правец на Богослове, штипски регион и третиот во атарот на Армискиот полигон „Криволак“. - Од извршената процена на терен од страна на ТПП Неготино, градоначалникот на Општина Неготино, како и претставници на други релевантни институции кои учествуваат во гасењето на пожарните дејствија, утврдена е потреба од асистенција и воздушна поддршка од летала. Од страна на градоначалникот на Општина Неготино, упатено е барање за хеликоптерска подршка. Центарот за управување со кризи во координација со Министерството за внатрешни работи во 8.00 часот, упатија летало (хеликоптер) од составот на Министерството за внатрешни работи, како поддршка на единиците на ТПП Неготино, ЈКП Неготино, ТПП Штип и Армијата на Република Северна Македонија во гаснењето на пожарот, се наведува во известувањето од ЦУК. свд/сп/ Фото: МИА архива

Остани поврзан