• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рајс: Артета ни внесе самодоверба дека можеме да го победиме Реал

Рајс: Артета ни внесе самодоверба дека можеме да го победиме Реал

Лондон, 9 април 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс ги искажа впечатоците по синоќешната победа над Реал Мадрид.

„Топчиите“ славеа со 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, Рајс беше стрелец на два гола.

- Тренерот ни рече дека мора да бидеме апсолутно уверени дека можеме да излеземе на теренот и да победиме против Реал Мадрид. Артета ни ја подигна самодовербата. Како група играчи, бевме уверени дека ќе излеземе на теренот и ќе се бориме еден за друг. Во второто полувреме знаевме дека мораме да постигнеме гол. Трите гола се навистина позитивен момент за нас во оваа пресметка, истакна Рајс за англиските медиуми.

Реваншот ќе се игра во Мадрид на 16 април. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан