• среда, 25 декември 2024

Рајо Ваљекано остана без тренер

Рајо Ваљекано остана без тренер

Мадрид, 14 февруари 2024 (МИА) – Раководството на шпанскиот фудбалски прволигаш Рајо Ваљекано му врачи отказ на тренерот Франциско Родригез поради незадоволителни резултати.

Четириесет и петгодишниот Шпанец во јули го презеде тимот од мадридското предградие Ваљекас, предводејќи ги „пчелите“ на 27 натпревари во сите натпреварувања во кои остварија осум победи, девет нерешени и десет порази.

Рајо Ваљекано моментално се наоѓа на 14. место на табелата во Ла Лига со 24 освоени бода. Тимот е на седум бода од зоната за испаѓање откако освои само еден бод во последните пет натпревари. 

Прв голман на Рајо Ваљекано е македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан