• среда, 25 декември 2024

Рајола: Погба нема ништо против да се врати во Јувентус по ЕП 2020

Рајола: Погба нема ништо против да се врати во Јувентус по ЕП 2020
Манчестер, 14 февруари 2020 (МИА) - Агентот на Пол Погба, Мино Рајола, објави дека неговиот клиент нема ништо против да се врати во неговиот поранешен клуб Јувентус по ЕП 2020. Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу средниот ред на Манчестер Јунајтед, но се чини дека неговиот тим нема повторно да се најде во топ четири во Премиер лигата и повторно ќе ја пропушти Лигата на шампионите. Ова најверојатно ќе стави крај на односите меѓу двете страни. - Желбата на Пол е да игра на највисоко можно ниво, но тој не може да избега од Манчестер Јунајтед кога екипата е во тешка ситуација. Затоа тој остана во тимот. Сепак, тој нема да иманишто против да се врати во Јувентус по Европското првенство, рече Рајола, цитиран од Goal.com.

Остани поврзан