• недела, 01 септември 2024

Рајола: Да отидеше Холанд во Јувентус, ќе го испратеа во резервниот тим

Рајола: Да отидеше Холанд во Јувентус, ќе го испратеа во резервниот тим
Дортмунд, 18 мај 2020 (МИА) - Мино Рајола објасни зошто Ерлинг Холанд не се пресели во Јувентус. Италијанците беа еден од кандидатите за потписот на 19-годишниот напаѓач. Сепак, тој ја одбра Борусија (Дортмунд) и оттогаш постигна 13 гола на 12 одиграни натпревари во Бундеслигата. - Зошто Холанд не се пресели во Јувентус? Тие ќе го ставеа во младинската екипа, изјави агентот на Норвежанецот за „Ла Република“. После брилијантниот старт во Германија, повторно започнаа гласините за иднината на Холанд, а сите европски великани и понатаму го следат секој негов настап.

Тагови

Остани поврзан