Рајола за иднината на Донарума: Немаме контакти со Интер или други клубови
- Агентот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, Енцо Рајола, зборуваше за иднината на својот клиент во парискиот клуб.

Париз, 26 февруари 2025 (МИА) - Агентот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, Енцо Рајола, зборуваше за иднината на својот клиент во парискиот клуб.
- Донарума е голман на ПСЖ и националниот тим и е многу почитуван од неколку клубови, што е природно. Контактите за продолжување беа веќе иницирани минатото лето и мирно работиме во оваа насока. Во согласност со правилата на УЕФА, клубот направи финансиски пресврт со промена на буџетот. Ја усвоивме новата политика за управување со договорот на ПСЖ и работиме на можно продолжување, обидувајќи се да го најдеме најдоброто решение, но во моментов нема итност. Немаме контакти со Интер или други клубови. Верувам дека доколку играчот биде пуштен на пазарот, нема да има проблем да најде заинтересирани екипи. Ако нешто се промени во наредните месеци, ќе ја дадеме нашата проценка, изјави Рајола за француските медиуми.
Голманот сезонава одигра 27 натпревари на сите турнири, од кои на осум не прими гол.
Договорот на Донарума со ПСЖ е до крајот на јуни 2026 година. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 35 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Интер е заинтересиран за услугите на италијанскиот голман. зс/
Фото: ЕПА