• сабота, 23 ноември 2024

Рајан Рејнолдс го продава својот џин пијалак за 610 милиони долари

Рајан Рејнолдс го продава својот џин пијалак за 610 милиони долари
Лос Анџелес, 18 август 2020 (МИА) - Во време на корона-пандемијата, кога филмовите сѐ повеќе се префрлаат од киносалите на стрим-платформите, а снимањата сѐ уште се во застој, и познатите ѕвезди бараат алтернативни начини на заработка... Така, Рајан Рејнолдс одлучи да го продаде својот бренд - американскиот „Авиејшн џин“ на компанијата Дијагео. Договорот е проценет на 610 милиони американски долари, со услов и со првична уплата од 335 милиони долари. - Пред нешто повеќе од две години, станав сопственик на џинот „Авиејшн“ затоа што го сакам тој вкус повеќе од кој било друг џин. Она што не го очекував беше чиста умствена исполнетост од изучувањето на оваа нова индустрија. Растот на марката со мојата компанија „Максимум ефорт маркетинг“, беше меѓу најобемните проекти во кои сум бил вклучен. Сакам да му се заблагодарам на Дијагео за нивниот неверојатен тим и за страста. Ние сме уште повозбудени околу следното поглавје на „Авиејшн џин“, за кое, ве уверувам, ќе треба исто толку читање, изјави Рејнолдс. Дијагео во својата понова историја, имаше и 700.000 долари „тешка“ зделка со Џорџ Клуни, а тука вреди да се спомне и нивната соработка со Ренди Гарбер и Мајк Мелдман и нивниот Касамигос бренд на текила.  си/сд/

Остани поврзан