• четврток, 26 декември 2024

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто
Даблин, 25 мај 2022 (МИА) – Директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија Рајанер (Ryanair), Мајкл О’Лири изјави дека очекува пополнетоста на авионите да биде на ниво пред пандемијата со Ковид-19. Во април пополнетоста на авионите изнесуваше 91 отсто, а О’Лири очекува во тековниот месец да се искачи на 92 процента, а во периодот од јуни до август да изнесува од 94 до 95 отсто. Според него, најголемата европска нискобуџетна авиокомпанија во мај ќе има повеќе од 15 милиони превезени патници, додека нивниот број во април изнесуваше 14,24 милиони патници. Додека во истиот период минатата година беа превезени 1,04 милиони патници. „О’Лири наведе дека изминатите недели се зголемува бројот на резервации, пред сè за патувања во Португалија, Шпанија, Балеарските Острови, Канарските Острови, Италија и во Грција. - Доколку нема неповолни вести од Украина, врвот на овогодишната летна сезона ќе биде многу, многу добар, посочи О’Лири.

Остани поврзан