• петок, 03 јануари 2025

Рашфорд со порака до медиумите: Смешни сте, не сум се сретнал со агенти

Рашфорд со порака до медиумите: Смешни сте, не сум се сретнал со агенти

Манчестер, 1 јануари 2024 (МИА) - Маркус Рашфорд со разочарување и гнев им се обрати на медиумите во Англија, не сакајќи да ги премолчи информациите за неговото наводно заминување, оваа зима, од соблекувалната и од тимот на Манчестер Јунајтед.

„Седмата сила“ тврди дека опширно се среќава со агентите и ја разгледува можноста да ги напушти „црвените ѓаволи“, многу пред истекот на договорот заверен до 2028 година, незадоволен од резултатите и играта на великаните од „Олд Трафорд“, но и поради тоа што ја грее клупата во последно време.

-Последниве недели се напишани многу лажни приказни, а оваа најнова е многу смешна: ниту сум се сретнал со агенти, ниту планирам, сподели Рашфорд преку социјалните мрежи.

Рашфорд одигра 24 натпревари оваа сезона за Јунајтед, вклучувајќи ја Премиер лигата и другите натпреварувања, постигнувајќи седум гола и асистираше за три. Сепак, тој не беше во тимот на последните четири натпревари, што ги подгреа приказните дека сака да си замине и затоа не е во плановите на новиот тренер, Рубен Аморим. дс

Фото: Архива

Остани поврзан