• четврток, 26 декември 2024

Рашфорд: Гласините за мое заминување од „Олд Трафорд“ се злонамерни

Рашфорд: Гласините за мое заминување од „Олд Трафорд“ се злонамерни

Манчестер, 6 ноември 2023 (МИА) – Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, ги нарече „злонамерни“ гласините кои ја доведуваат во сомнеж неговата иднина на „Олд Трафорд“, додека англискиот репрезентативец се обидува да се врати во формата од минатата сезона.

„Ве молам престанете да ширите злонамерни гласини“, напиша Рашфорд на социјалната платформа Икс, како одговор на видео порака објавена од навивачите на Манчестер јунајтед, насловена „Иднината на Рашфорд е доведена во прашање?“.

Дваесетишестгодишниот Рашфорд сезонава има постигнато само еден гол на 14 натпревари во сите конкуренции, што е далеку под неговиот ефект од минатата сезона во која запиша 30 голови и 11 асистенции.

Англискиот репрезентативец се најде на удар на критичарите, откако беше забележан во ноќен клуб неколку часови по поразот на Јунајтед од Манчестер сити во градското дерби на 29. минатиот месец. ег/паг/

Фото: Икс

Остани поврзан