• петок, 27 декември 2024

Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма

Раша тудеј: Неправедно одземена дозволата за емитување програма
Лондон, 18 март 2022 (МИА) - Рускиот телевизиски канал Раша тудеј денеска соопшти дека британскиот медиумски регулатор Офком неправедно му ја одзел дозволата за емитување програма, поради конфликтот во Украина, па го обвини дека не е ништо друго, освен алатка на британската Влада. Британскиот медиумски регулатор појасни дека ја одзел дозволата РТ да емитува програма во Велика Британија, дека одлуката стапува на сила веднаш, по истрагата спроведена за непристрасност во известувањето за рускиот напад врз Украина. - Офком им покажа на британската јавност и меѓународната регулаторна заедница, дека, и покрај добро изградената фасада на независност, не е ништо друго, освен алатка на власта, ја почитува нејзината волја да ги потисне медиумите, изјави за Ројтерс, Ана Белкина, заменичка на главниот уредник на РТ. Според неа, игнорирајќи ги потполно „чистите“ резултати на РТ во периодот од четири последователни години и наведувајќи чисто политички причини, што се директно поврзани со ситуацијата во Украина, а потполно неповрзани со операциите, структурата, менаџментот или уредувачките резултати на РТ, Офком лажно оценил дека РТ не е прикладна и коректна и на тој начин, спречил британската јавност да има пристап до информации. бд/
 

Остани поврзан