• четврток, 26 декември 2024

Рации низ Германија: Полицијата заплени десетици тони кокаин

Рации низ Германија: Полицијата заплени десетици тони кокаин

Берлин, 14 јуни 2024 (МИА) - Во координирана акција на рации во седум сојузни покраини, германската полиција заплени десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра и уапси седум лица.

Инспекторите наведуваат дека ова е најголемата заплена на кокаин во Германија.

Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија, пренесува Bild.de.

Се уште не се познати повеќе детали, ниту пак кој е уапсен.

Државното правобранителство во Дизелдорф наведува само дека се работи за операција под кодно име Plexus и дека била спроведена од заеднички тим на царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна-Вестфалија. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан