• вторник, 24 декември 2024

Раул повторно го напушта Реал Мадрид

Раул повторно го напушта Реал Мадрид

Мадрид, 9 октомври 2024 (МИА) - Легендарниот Раул Гонзалес на крајот од сезоната повторно ќе го напушти Реал Мадрид.

Тренерската функција ја извршуваше во Кастиља, резервниот тим на Реал, а на крајот од сезоната ќе му ја предаде функцијата на Алваро Арбелоа.

Ова ќе биде втор пат Раул да го напушта кралскиот клуб, откако како играч речиси беше избркан и кариерата ја продолжи во Шалке 04.

Раул пред шест години се врати во Реал и оттогаш ги предводеше сите помлади категории на Мадрид, почнувајќи од кадетите, а со Кастиља забележа 71 триумф на 178 натпревари.

Каде ќе ја продолжи кариерата се уште не е официјално познато, но „Марка“ истакнува дека Раул се почесто добива сериозни понуди и нема да му биде проблем да најде адекватна средина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан