• четврток, 19 декември 2024

Раул Гарсија заминува во фудбалска пензија

Раул Гарсија заминува во фудбалска пензија

 

Мадрид, 15 април 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалер Раул Гарсија (37) најави денеска пензионирање на крајот од оваа сезона.

„Сè си има свој крај“, рече играчот од средниот ред на Атлетик Билбао во својата проштална видеопорака.

Гарсија е член на баскискиот клуб изминатите девет години, осум години настапуваше за Атлетико Мадрид, а три сезони го носеше дресот на Осасуна.

Во текот на кариерата освои седум клупски трофеи, последниот на почетокот на овој месец кога со Атлетик триумфираше во шпанскиот Куп на Кралот.

Со вкупно 602 натпревари во моментов е трет играч со најмногу настапи во историјата на шпанската Примера. Повеќе од него имаат собрано само Андони Зубизарета и Хоакин Санчез, двајцата со 622 настапи.

„Ќе оставиш белег во историјата на Атлетик. Честитки за сè што постигна, легендо“, објави баскискиот клуб.

Гарсија одигра два натпревари за шпанската репрезентација, двата во септември 2014 година. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан