• петок, 27 декември 2024

Расчистено разбојништво, од слобода лишени двајца малолетници

Расчистено разбојништво, од слобода лишени двајца малолетници
Скопје, 16 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје - Полициско одделение Шуто Оризари вчера лишила од слобода двајца малолетници од Скопје за кои се сомнева дека во колонијална продавница во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари. -По преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенкци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12.10.2022 во колонијална продавница на улица „Широк Сокак" во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари, информираат денеска од МВР. Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/дма/

Остани поврзан