• среда, 25 декември 2024

Расчистено по синоќешното невреме од силен ветер во населените места во Општина Лозово

Расчистено по синоќешното невреме од силен ветер во населените места во Општина Лозово

Велес, 26 мај 2022 (МИА) - По синоќешното невреме со силен ветер некаде околу 18 часот, вработени од локалната власт и ЈПКД „Лозово“  од Лозово со механизација, заедно со месното население денеска  расчистуваа од паднати дрвја, од оштетен кров од дрвја на семејна куќа во село Сарамзалино, како и од падната настрешница на магацински простор на локалниот патот во Милино, што води кон село Лозово, како и други штети од паднати дрвја на јавни и други површини во неселените места во Општина Лозово, информира за МИА, градоначалникот Бошко Цветковски.

Тој најави дека ќе му помогне на семејството во село Сарамзалино каде дрвја паднаа на кровот од семејната куќа и ја оштетија.

Поради испреплетени жици на електромрежата синоќа делови од неколку села во Општина Лозово: Милино, Сарамзалино, Азиматово и Дурфулија еден или неколку часа беа без струја.

Градоначалникот Цветковски како што информира за МИА, пред малку добил информација за оштетени пластеник со раноградинарски култури во селото Аџиматово, каде што најави дека исто така ќе направи увид за настанатата штета од невремето. ад/ац/

Остани поврзан