• петок, 27 декември 2024

Расчистени три разбојништва во Скопје, приведени две лица

Расчистени три разбојништва во Скопје, приведени две лица
Скопје, 7 август 2022 (МИА) - Одделенијата за криминалистички работи Ѓорче Петров и Карпош при СВР Скопје расчистија три кривични дела „разбојништво“ сторени на подрачјето на Скопје. - На 04.08.2022 од слобода беа лишени Ш.И.(31) од с.Грчец, скопско и Л.Ј.(23) од с.Крушопек, скопско, откако со закана со огнено оружје одзедоа пари и повеќе предмети од продажен објект на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Во службен разговор во полициска станица тие признале уште две дела кои ги сториле на 29.07 и 01.08.2022 во Скопје. На 29.07.2022 во 22.23 часот во продажен објект на ул.„Козле“ со закана кон вработените одзеле пари и предмети и на 01.08.2022 во финансиско друштво на ул.„Ѓорче Петров“ со закана одзеле пари, соопштија денеска од МВР. По документирање на случаите, појаснуваат од МВР, Ш.И. бил пренесен во Казнено-поравната установа Затвор Прилеп за доиздржување казна затвор од околу седум години, од каде претходно бил во бегство. На лицето Л.Ј. пак, му е поднесена кривицна пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка му бил одреден притвор во траење од 30 дена. цр/хс/

Остани поврзан