• сабота, 23 ноември 2024

Расчистени седум тешки кражби во Горнореканскиот регион

Расчистени седум тешки кражби во Горнореканскиот регион
Гостивар, 31 декември 2020 (МИА)  - Две лица заработија  кривични пријави  како осомничени за повеќе кражби во регионот на Горна Река.
Од СВР Тетово, Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесна е кривична пријава против Б.М.(18) од село Сенце, Гостиварско и Љ.Д.(23) од Кичево.
Двајцата се сомничат дека сториле кривично дело „тешка кражба“, согласно член 236 од Кривичниот законик.
Првопријавениот се сомничи дека во текот на оваа година насилно провалил во шест куќи во селото Сенце, а Љ.Д се сомничи дека бил инволвиран во една тешка кражба во Сенце, при што одзеле огнено оружје и други предмети и апарати.
Одземеното е пронајдено кај пријавените и вратено им е на сопствениците. згм/мд/

Остани поврзан