• четврток, 26 декември 2024

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи во врска со кражбата во средно училиште во Охрид соопшти дека се работи за 19-годишна ученичка, а не за ученик како што претпладнево информираше Министерството. 

- На 26.03.2024, полициски службеници од СВР Охрид расчистиле кражба во средно училиште во Охрид. Имено, С.Р.(19) од Охрид, ученичка во средното училиште била фатена при извршување кражба, при што од друга ученичка одзела пари, се вели во корегираното соопштение од МВР.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. мд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан