• четврток, 26 декември 2024

Раст на европскиот авиосообраќај по укинување на рестриктивните мерки

Раст на европскиот авиосообраќај по укинување на рестриктивните мерки
Брисел, 13 јули 2020 (МИА) - Се повеќе авиони летаат над небото над Европа откако почнаа да се укинуваат рестриктивните мерки воведени поради панмдемијата со новиот коронавирус. Во изминатата недела Европската организација за безбеден авиосообраќај (Еуроконтрол) забележа 90.549 летови, што е само 36,6 отсто од летовите во истиот период минатата година. Главниот директор на Еуроконтрол, Емон Бренан денеска на Твитер објави дека просечно дневно има нешто помалку од 13.000 летови. Тоа е за 1.383 летови повеќе во споредба со претходната недела. Ираската нискобуџетна авиокомпанија „Рајнер“ значително придонесе за пораст на летовите, која имаше просечно 1.045 летови дневно изминатата недела. ми/

Остани поврзан