• четврток, 26 декември 2024

Раст на Волстрит и европските берзи

Раст на Волстрит и европските берзи
Њујорк, 17 март 2020 (МИА) - Цените на фјучерсите на Волстрит и на европските берзи од утрово бележат раст по вчерашните катастрофални загуби. Терминскиот индекс Дау Џонс синоќа по полноќ забележаа раст за повеќе од 765 поени, откако Волстрит го претрпе најлошиот трговски ден од „Црниот понеделник“ во 1987 година. Растат и фјучерсите на С&П 500 и на Насдак 100. Пресвртот се случи отако американскиот претседател Доналд Трамп твитна дека САД силно ќе ја поддржат индустријата, како воздухопловната и другите, кои, како што напиша „се посебно погодени од кинескиот вирус“. Трамп наведе дека „САД ќе бидат посилни од кога било претходно“. Индексите вчера се намалија откако Трамп изјави дека кризата со новиот коронавирус би можела да трае до август. Акциите на европските берзи исто така утрово бележат раст. Паневропскиот индекс Стокс 600 порасна за 2,7 проценти, при што најголема добивка има автомобилскиот сектор со раст од 5,0 отсто. ми/

Остани поврзан