• недела, 24 ноември 2024

Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот

Раст на бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот
Пекинг, 13 април 2022 (МИА) - Во пораст е бројот на ковид инфекции во Шангај и покрај локдаунот од големи размери, соопштија денеска официјални лица, јави ДПА. Евидентирани се 26.330 нови случаи во текот на вчерашниот ден, се наведува во денешниот извештај. Најголем дел од случаите се асимптоматски. Шангај е центарот на најголемиот ковид бран во Кина, од почетокот на пандемијата. И покрај тоа што во понеделникот имаше најава за постепено олеснување на заклучувањата, огромното мнозинство од населението во областа на Шангај, од 26 милиони лица, продолжува да живее со  полициски час. Градската власт го забрани и приватниот сообраќај по улиците. На жителите денеска им е дозволено да ги напуштат своите домови. Но, најголем дел од продавниците, остануваат затворени. Германската агенција наведува дека расте и незадоволството во Шангај, затоа што има недоволно залихи на храна, проблеми со медицинска нега, заразени деца одделени од своите родители, како што налагаат правилата за карантин. бд/

Остани поврзан