БДП во 2025 година пораснал за 3,5 отсто
- Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3,8 отсто во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година порасна за 3,8 % во однос на истиот период од 2024 година. Стапката на раст на БДП во 2025, пак, во однос на 2024 година е 3,5 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Во четвртото тримесечје од 2025 година поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 14,6 % и Стручни, научни и технички дејности - 8,1 % во Административни и помошни услужни дејности.
Финалната потрошувачка во четвртото тримесечје од 2025 година номинално расте за 6,4 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 77,9 %.
Бруто-инвестициите во четвртото тримесечје од 2025 година номинално растат за 5,0 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонските и календарски приспособените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2025 година, во однос на четвртото тримесечје од 2024 година, е 3,4 %.
Стапката на раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година е 3,5 %.