• недела, 29 декември 2024

Раст на акциите на азиските берзи

Раст на акциите на азиските берзи
Токио, 2ноември 2020 (МИА) - Акциите на азиските берзи денеска забележаа раст поттикнати од заздравувањето на кинескиот производствен сектор. Индексот на јапонската берза Никеи 225 забележа раст од1,4 отсто на 23.295,48 поени, а ист процент на раст има и јужнокорејскиот индекс Коспи на 2.229,72 поени. Австралискиот С&П/АСЕКС 200 се зголеми за 0,4 птсто на 5,951,30 бодови, индексот на Хонг Конг порасна за 1,2 проценти на 24.386,10 поени, додека шангајскиот Композит забележапад за о,1 отсто на 3.222,77 поени. Акциите во Индија забележаа мал пад од 0,1 процент, додека во Тајван за и во другите берзи во Југоисточна Азија остварија раст. На берзите денеска цената на американската нафта забележа пад од 1,50 долари и барел нафта на берзата во Њујорк се тргуваше за 34,29 долари за барел. Цената на северноморската нафта Брент се намали за 1,44 долари и барел нафта се трува за 36,50 долари. Додека вредноста на американскиот долар се зголеми во однос на јапонскиот јен (еден долар = 104,73 јени, додека забележа пад во однос на еврото (еден долар = 1,1637 евра). ми/

Остани поврзан