• петок, 20 декември 2024

Расте бројот на жртвите во Миколаев

Расте бројот на жртвите во Миколаев
Киев, 30 март 2022 (МИА) – Во вчерашниот напад врз зградата на локалната власт во јужниот украински пристаништен град Миколаев загинаа најмалку 12 лица, а 34 се повредени. Ова за некои светски агенции го изјавиле локални известувачи, пренесува Бгнес. Зградата на локалната администрација во нападот беше буквално поделена на два дела. Нападот се случи за време на мировните преговори во Истанбул, потсетува Бгнес. јт/

Остани поврзан